Синоќа полицијата интервенирала во кафулето „Мош“ во центарот на Скопје, и бркала гости кои биле во локалнот во 23 часот, два часа после забраната за гости, мерка донесена од Владата.
Директорот на Државниот пазарен инспектарот Стојко Пауноски во изјава за „А1ОН“ потврдува дека имало интервенција на полицијата, и вели дека гостите во алкохолизирана состојба дури упатувале и закани кон инспекторите.
„Навредувале додека полицијата ги вадела и легитимирала, за да може инспекторите да го затворат локалот“, вели Пауноски за А1ОН.
За вакво прекршување казната е затворање од 10 до 30 дена и парична казна од 300 до 3000 евра.
Во врска со случајот, се огласија и од МВР:
„На 17.12.2020 во 22.30 часот, во координација со Државниот пазарен инспекторат, полициски
службеници од СВР Скопје извршиле контрола во угостителски објект на ул„Дебарца“ во Скопје.
При контролата, во објектот биле затекнати 20 до 30 гости и било констатирано дека објектот не ја почитува одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 21.00 часот. Објектот бил запечатен, односно му била изречена мерка забрана за вршење дејност.
По целосно расчистување и документирање на случајот, во кооординација со Јавен обвинител, против одговорното лице ќе биде изготвенa пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, стои во соопштението на МВР.
На социјалната мрежа „Твитер“ се појави и видео од кое се гледа присуство на полицијата пред локалот, кому не му е првпат да ги крши мерките донесени од властите.
Па добро бе се ви ебам неиживеано, абе одма у Шутка носете ги со се факинг МОШ. pic.twitter.com/QuwW0g7UIJ
— 🅰️псаана (@aps_aana) December 17, 2020
