Полицијата спроведе акција во Скопје при која е пронајдена поголема количина кокаин, а едно лице е лишено од слобода поради сомнение за недозволена трговија со дрога.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска (26.07.2026), полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, во координација со припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, извршиле претрес во дом и други простории кај С.Б. (23) од село Брест, скопско.
При претресот биле пронајдени предмети и поголема количина кокаин.
Лицето било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Гази Баба поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, против С.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
