Полициски контроли за зимски гуми, граѓаните со опрема, наградени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

-Задолжително е носењето зимска опрема
Полицијата денеска запираше автомобили низ градот заради проверка дали поседуваат зимска опрема.

-Ако сакате да слушнете повеќе за зимската опрема како се користи, повелете во нашата кампања, можеме да ве информираме повеќе.

Возачите кои што ги запре полицијата добија ваучери за купување зимски гуми. Акцијата која е дел од Зимската кампања 2020-2021, има за цел подигање на свеста за поголема употреба на зимската опрема во автомобилите и презентација на позитивните ефекти од употребата на истата.

Доколку не се почитуваат правилата за употреба и поседување зимска опрема во возилата што е предвидено со Закон за безбедност во патниот сообраќај, секој возач кој постапува спротивно на правилата ќе добие казна од 45 евра во денарска противвредност. Обврската за носење зимска опрема во автомобилите важи од 15 ноември се до 15 март.