Полициски рации низ Виена по терористичкиот напад – 12 лица уапсени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе се повредени во синоќешниот напад во центарот на Виена, во кој полицијата потврди дека станува збор за терористички напад.

Еден од напаѓачите е убиен, а еден се уште е во бегство.

Според весникот „Хојте“, во тек се претреси по куќи во Долна Австрија и Виена. Полицијата, со поддршка на специјалните единици, уапси 12 осомничени и изврши претрес во нивните станови.

„Хојте“ наведува дека осомничените се на возраст од 16 до 25 години. Родени се во Виена, Косово, Бангладеш, Свети Пелтен, Чеченија и Медлин. Десет од нив живеат во Виена, а двајца во Сент Пелтен. Сите родени во Австрија се со потекло од странство, претежно од Чеченија и Јужна Европа.

Што знаеме до сега?

  • Полицијата потврди дека станува збор за терористички напад
  • Повеќе од 17 лица беа повредени во терористичкиот напад
  • Убиени се пет лица, меѓу кои и еден од напаѓачите
  • Нападот се случил на шест локации во близина на Синагогата
  • Убиениот напаѓач е роден во Виена, но со македонско потекло
  • Децата денес нема да посетуваат настава
  • Вонредната седница на Собранието е откажана