Ситуацијата со корона вирусот во Тетово и Гостивар се влошува. Во Тетово, 4 болнички одделенија се претворени во Ковид центар и тоа Одделот за заразни болести, Модуларниот ковид центар, Одделот за интерни болести и Болницата за белодробни болести во село Лешка. Координаторот на Ковид Центарот во Тетово вели дека моментално 210 пациенти примаат терапија против Ковид-19, а 90 од нив се хоспитализирани со кислородна терапија. Според него засега тетовската болница е во состојба да се соочи со ова ситуација.
„За 24 часа имаме 20 ново хоспитализирани пациенти а вкупно имаме 90 хоспитализирани. Имаме и 120 пациенти кои примат терапија во ковид амбулантата, значи вкупно и во ковид амбулантата и во Ковид центарот се третираат 210 пациенти. За жал имавме и 2 смртни случаи. Што се однесува до вакциналниот статус, имаме 8 пациенти со примена прва доза и тоа покажува дека сите хоспитализирани пациенти не се вакцинирани“, посочи Гзим Нуредини.
Пулмологот, Ружди Реџепи, вели дека сите тие кои одат во болница се во тешка здравствена состојба и имаат потреба од кислородна терапија. Апелира сите кои чувствуваат симптоми на вирусот што поскоро да се пријават во болница.
„На најбрз можен начин се полни местото со пациенти кои доаѓаат со многу развиена фаза на болеста и едвај ги покриваме со кислород поради тоа што сатурација која ако нормалната е 97-98%, тие доаѓаат со 40 до 60% и колку и да им дадеш кислород, толку можат да примаат. Сакам да кажам нешто на понароден начин за да се разбереме – ако доаѓаат подоцна костото е многу високо за пациентите. Вработените тука веќе три дена се реорганизираме од сите одделенија на болницата“, посочи Ружди Реџепи.
Во Гостивар моментално се хоспитализирани околу 70 пациенти кои примаат терапија со кислород. Одделот за интерна медицина е трансформиран во Центар за Ковид. Според директорот на болницата, доколку се појави потреба, ќе бидат пуштени во употреба и други простори каде што има систем за кислород.
„Во текот на викендот се зголеми барањето и бројот драстично почна да расте и бевме обврзани како во текот на вториот бран да го активираме одделот за интерна медицина и одделот на неврологија, така ги отворивме и просториите на болницата и целиот кадар е ангажиран во третирањето на овие случаи. Иако бројот е променлив, просечно се движи околу 70 плус – минус, општо околу 70 пациенти се хоспитализирани во болницата“, посочи Јакуп Јакупи.
Во Тетово е зголемен бројот на заинтересирани за вакцинација. По зголемувањето на случаите и воведувањето мерки од страна на Владата, интересот за вакцинација се зголеми тројно.
