Еден од основачите на СДСМ Ѓунер Исмаил гостува вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Тој за, како што вели, другарите од СДСМ посочи дека некои од нив помислиле на некоја позиција, додека пак некои од нив немале попаметна работа и се вмешале во политиката.
„Па некои од тие веројатно помислувале или се замислувале на некаква позиција, некои од луѓе мислеле дека треба тука да се некакви кардинали, некои можеби немаат никаква попаметна работа па се занимаваат со политика и во крајна линија треба поединечните случаи да се гледаат. Социјалдемократите функционираат како партии со многу крила во себе, многу идеи во себе, со различни идеи и различни пристапи“, вели Исмаил.
Тој додава дека во оваа социјалдемократска партија малку е извитоперено, на тој начин што демонстрирањето на различно мислење тие го гледаат на најлошите места.
Во продолжение целата изјава:
