Рано изутрина, попишувачите му тропнаа на врата. Звонко Трајковски од населбата Ѓорче Петров во дворот од куќата го пречека попишувачот. Само 15 минути беа потребни. Тој рече дека се било добро и дека немало никаков проблем.
Денеска во 8 часот изутрина успешно започна статистичката операција за попис на населението, становите и домаќинствата во Северна Македонија. Државната инспекторка Ленче Недановска рече дека сите попишувачи се добро обучени.
Пописот успешно почна и во Чаир.
Попишувачот Беким Бериша вели дека до пладне во регионот на општина Чаир се попишани околу 290 лица. Тој додава дека овој процес нема никаква врска со политиката и апелира до граѓаните да отворат врата и да ги пречекаат попишувачите.
Пописот на населението, домаќинствата како во секоја држава во светот и кај нас само за статистички цели нема ништо со политиката овој процес и не се однесува со индивидуалните податоци, секој податок ќе се користи само за статистички цели.
Директорот на ДЗС, Апостол Симовски рече дека попишувачите кои ќе ви тропнат на врата ќе бидат брендирани, со маичка за пописот и ќе носат беџ.
Заменик директорот на ДСЗ, Иљми Селами апелира да не се слушаат повиците за бојкот бидејќи овој процес е за доброто на граѓаните.
Според директорот повеќето попишувачи се вакцинирани и ќе ги запазуваат сите протоколи против ширење на вирусот. Пописот почнува денеска и ќе трае до 30 септември. Претходно, на 1 март оваа година почна пописот на дијаспората кој исто така ќе трае до крајот на овој месец.