После утринскиот земјотрес во 04:20 часот во Албанија, во близина со границата со Црна Гора, попладнево нов земјотрес и тоа уште посилен на истото место меѓу Подгорица и Скадар.
Истиот се случил во 14:26 часот по локално време, и со јачина од 4,7 степени по Рихтер, на длабочина од 2 километри.
Во близина на епицентарот нема населено место, но тој се почувствувал во Скадар, Бар, Подгорица…
Овој земјотрес е петти во ова подрачје од утрово. Најсилниот утрово беше 4,2 по Рихтер во 04:20 часот.
Felt #earthquake (#земљотрес) M4.7 strikes 28 km SE of #Podgorica (#Montenegro) 4 min ago. Please report to: https://t.co/wGH3SM1ouO pic.twitter.com/LG6Sz6cA4m
— EMSC (@LastQuake) September 15, 2021
