Поплава во Буковиќ, реката се излеа од коритото, оштети околу 20 куќи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вака изгледаат дворовите н во село Буковиќ, општина Сарај.
По неколку часа пороен дожд, реката која поминува низ селото, се излеа од коритото.

Поплавени се околу 20 куќи.

Жителите велат дека се почнало половина час по полноќ.

Се случи во 00: 30 часот.
-Цела ноќ водата влегуваше внатре, а вие сте се обиделе да ја извадите?
Да, внатре беше катастрофа, го извадивме мебелот, гледајте во каква состојба е!
-Дали дојде некој од општината да ве посети?
Не, не, никој. Го испратиле „Водовод“.

Според првите впечатоци и според известувањето на Центарот со управување со кризи, се мислеше дека станува збор за пукната цевка. Но откако водата се испразни констатиранобило дека тоа не е причината која довела до поплава.

„Во делот зад нас е реката која поминува по село Буковиќ, тука се сретнале трите страни на водата, горниот дел кој доаѓа од село Бојане и Ласкарци, и планинскиот дел и затоа реката излегла од коритото. Првично се сомневавме дека пукнала цевката на фекалната канализација, меѓутоа во 3 часот по полноќ беше констатирано дека не е тоа туку станува збор за поплава предизвикана од планинскиот дел.“, рече Африм Реџепи.

Возилата на ЈП „Водовод“ постојано ја чистеа водата од поплавените куќи и истата ја излеваа во реката на селото. Ниту ЦУК ниту Градоначалникот на Сарај не излегоа на терен за да направат увид на состојбата.