Поплава во Драмски театар во Скопје, министерот Љутков на увид

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По силното невреме кое попладнево го зафати Скопје и околината, поплавен е Драмскиот театар во Скопје. Министерствито за култура и туризам на Фејсбук објави дека министерот Зоран Љутков вечерва изврши увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот.

– Денес бев во Драмски театар на увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот. Ако во 2017 година Владата на СДСМ го реализираше проектот за изградба на нов современ објект на Драмски, како што претходно се планираше, денеска немаше да бидеме сведоци на овој потоп. Седумгодишната негрижа за Драмскиот театар не само што стана видлива, туку денеска дождот го онеспособи да биде храм на уметноста. На сцената главната улога од денеска наместо актерите ја имаат кофите, напиша Љутков на својот ФБ.