Поплава во Теарце, оштетени улици но и 20 домови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поројниот дожд вчера предизвика големи штети во Општина Теарце.

Подрумите на околу 20 куќи се поплавени, а уништени се и улиците, дворовите и оградите.

Жителите велат дека минатата ноќ била многу тешка за нив кога виделе како се поплавуваат нивните дворови, но не можеле да направат ништо.

„Вчера имаше голема поплава, водата доаѓаше од горе кон нашите куќи, и во каналот, каналот се зачепи и ѕидот падна. Беше како езеро, падна ѕидот таму, влезе и во подрумите и како што гледате има големи штети.

Штети, целиот ѕид падна и едно куќиште, имаше таму фрижидер, машина за алишта, внатре не влезе но само кај куќиштето овде, и тоа беше како куќа, немав каде да одам, но падна ѕидот и куќава е силна и за среќа водата не влезе внатре.

Вратата беше затворена, јас бев горе, капеше покривот, кога влегов беше преполн со вода и надвор и овде, со кофи ја вадевме водата, не знам колку кофи извадивме. Засега нема штети но не знаеме што ќе излезе, или подот бидејќи многу врнеше покривот и ѕидовите се мокри.“.

Градоначалникот на општина Теарце, Нухи Незири вели дека екипа од општината излегла на терен вчера, а денеска комисијата први проценка на штетите.

„Првично беа преземени директни чекори за констатирање на состојбата на објектите кои се поплавени и благодарение на пожарникарите во тие станбени објекти беше исчистена водата и останува да се исчисти другиот дел. Скоро 10 куќи се во Теарце и скоро толку се и во Непроштено. Критично беше кај реката во Непроштено каде со нашите средства кои ги имаме на располагање успеавме да запреме изливање на реката во Непроштено каде успеавме да ги санираме.“, рече Нухи Незири, градоначалник на Општина Теарце.

Вакви поплави според жителите имало во 1968 година. Велат дека системот на каналите за вода во ова населено место треба подобро да се одржува со цел да не се повторат ваквите случаи. Дожд и град имаше и во Тетово, но освен што беа блокирани неколку подвозници, немаше некаква сериозна штета.