Поплавени се куќи и ниви.
Со ваква штета се соочуваат жителите на село Раотинце, општина Јегуновце откако се излеа реката Вардар.
Како што велат, по втор пат ги посеале нивните и повторно посевите се уништени.
Васко Јанчевски, претседател на месната заедница на Раотинце, велат дека штетите се многу поголеми во левата страна на реката Вардар, а се уште не се знае колкави се бидејќи на терен не излегла комисија.
Градоначалникот на општина Јегуновце вели дека можат само да формираат комисија и да ги проценат штетите, а не можат ништо да надоместат бидејќи тоа зависи од Владата. Апелира и Владата да ги поддржи овие жители.
Од претходното искуство, градоначалникот додаде дека и покрај тоа што до Владата испратиле извештај за штетите, Владата не обезбедила средства за обесштетување.
Поплави има и во други села, како Копанце, Туденце и Јегуновце, најмногу се оштетени посевите на нивите.
Излевањето на реката Вардар често се случува кога има обилни врнежи од дожд, но и поради тоа што не се одржува коритото на реката.
