Поради долгови е блокирана сметката на „Русино“: Гостивар и Тетово најголеми должници на претпријатието

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Општина Тетово и Гостивар се најголемите должници на ЈП Русино кое го покрива цел Полог. Ова е причината поради која сметката на претпријатието е блокирана.

Но в.д. градоначалник на Гостивар, Ваљбон Лимани, вели дека општината го платила долгот кон Русино. За претпријатието Комуналец кое е во рамките на општината, вели дека и тие почнале со плаќање на долгот по стабилизирањето на состојбата.

-Не можам да зборам за точни бројки но во последно време почна со редовна исплата, нормално во рамките на можностите кои ги има. Последно време има подобрување во тој правец што се однесува до менаџирањето со отпадот. Немаме жалби со точките за собирање и сметам дека досега состојбата се менаџира добро, Ваљбон Лимани, в.д. градоначалник на Гостивар.

Што се однесува до Општина Тетово, директорот на тамошното претпријатие, Самет Бислими, за ТВ21 вели дека за 2023 година имат долг кој постепено го плаќаат, а од јануари 2024 година, транспортот на отпадот во Русино го врши претпријатието Саубермачер која го добила тендерот за собирање отпад во Тетово. Цената за еден тон отпад во оваа депонија беше 5 евра, а сега е 8 евра, што останува една од најниските цени на депониите во Македонија, но и во регионот. „Русино“ беше формирана како потреба за еден пункт за собирање отпад за сите општини на Полог.