Поради ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала, евакуирани се повеќе од 700 луѓе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ерупцијата на вулканот Фуего во централна Гватемала принуди повеќе од 700 луѓе што живеат во блиските заедници да се евакуираат, објави денес Националната агенција за координација на намалување на катастрофи (CONRED).

Вулканот, кој се наоѓа на околу 18 километри од градот Антигва, исфрлил пепел и токсични гасови, како и чад во последната ерупција, додаде националната агенција на Гватемала, пренесува Ројтерс.

Властите изјавија дека продолжуваат да ја следат ситуацијата. Вулканот Фуего, висок 3.763 метри, е еден од најактивните во Централна Америка и е на 53 километри од главниот град на Гватемала.