Поради хаосот, јавниот транспорт во Тетово прекинат – како општината ќе го плати кредитот за автобусите?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Јавниот транспорт во Тетово е привремено прекинат. Преку соопштение до медиумите општина Тетово извести дека јавниот транспорт е прекинат по именувањето на новиот директор, Рафис Мејдија.

„Поради хаосот, работење без придонеси на вработените и поради тоа што фирмата работи не регистрирана, додека вработените во фирмата ЈП „Тетовo транспорт“ се наведени како вработени во општината, како и поради многубројни неправилности привремено ќе биде во прекин јавниот превоз. Ова одлука доаѓа за да не се оштети уште повеќе џебот на граѓанинот и за неконтролираните трошоци во ова  претпријатие. Ваквата состојба ќе трае се додека не заврши конечното скенирање на состојбите создадени во ова претпријатие од претходните раководни структури“, истакнаа од Општина Тетово.

Анкетиравме неколку граѓани кои велат дека мора да има јавен транспорт.

„Треба да има, но Господ знае. Општината има се. Ние гласавме за нив и тие треба да одговараат“.

„Секако дека треба да има, како не треба“.

„Добро направиле, нема место по градот и да сакаат нема кај да се движат. Гледате како е и да сакаат немаат каде да се движат“.

Но, колку ја чинеа општина Тетово овие автобуси? Петте автобуси се купен со креди од Светската банка. Општина Тетово зема кредит од 1.2 милиони евра, а вредноста на автобусите е 720 илјади евра. Општината има грејс период до крајот на 2022 година и потоа ќе треба да го врати кредитот. Доколку оваа претпријатие не е профитабилна до 2022, општина Тетово ќе заглави во уште поголеми долгови.