Поради напад врз полицајци, три лица добија по 1 година затвор за протестите за „Монструм“

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Шабан Весели, Бехар Далипи и Бесарт Калиси, учесници на протестот за “Монструм“, добија казна затвор од 1 година. Обвинителството ги обвини за насилство и нарушување на редот за време на протестот. Обвинетите уште на почетокот на рочиштето ја признале вината за која се товарат. Нивниот адвокат не се согласува со изречената казна и за тоа ќе се жалат.

Другите двајца обвинети, Артан Садику и Фабио Идризи не ја признаа вината дека учествувале во насилството. Адвокатот Асмир Алиспахиќ рече дека за неговите клиенти нема доволно докази кои го потврдуваат делото.

Според Обвинителството, обвинетите, на протестот на 26 февруари за Монструм биле дел од толпата и вршеле насилство врз полициски службеници и други присутни лица, гаѓајќи со камења, бекатон, метални шипки и други предмети со цел да го разбијат полицискиот кордон.