„Поради некои ќе страдаат сите“ – ИВАП: Итно да се стави ред во работењето на угостителскиот сектор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За време на културните настани дозволено е само седење и 30% исполнетост на капацитетот, зошто тоа не е случај и со угостителските објекти, реагираа од Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП.

Тие бараат веднаш Владата да реагира и да стави ред во работењето на угоститеслките објекти.

„Заради тоа вчера ја испративме таа остра реакција и сметаме дека ние всушност како асоцијација и како компании кои што се занимаваат со организација на настани, единствено за што се буниме е на било какво непочитување на протоколите. Без разлика какви и да се тие, а особено кога се става во консталација на концерти и настани кои што се наша примарна дејност“, посочи Маја Бабиќ.

Асоцијацијата укажува дека „угостителските објекти не се место за концерти, не се безбедно место ниту за персоналот ниту за гостите, а угостителите не се организатори на настани ниту промотори“.

„Имаме право како Асоцијација да знаеме како се исплатени хонорарите на странските артисти кои настапуваа изминатиов период и дали и каде е платен персоналниот данок? Дали се пријавуваат влезници за настаните и дали за нив е платен ЗАМП од 10%? Дали и како се продаваат влезници и дали за нив е платен ДДВ од 18% Дали и колку се издаваат фискални сметки на пијалоците за време на овие настани?“, велат од ИВАП.

Владата на средината од месец март донесе одлука за целосно затворање на угостителските објекти поради тогашните регистрирани од 10 до 20 случаи на ден со коронавирус. Но потоа, мерките беа олабавени, а објектите повторно започнаа со работа.

Викендов се прави анализа од страна на Министерството за здравство и комисијата за заразни болести по што утре до Владата најверојатно ќе биде предложено угостителските објекти да работат само до 22 часот.