Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети во вечерашниот дебатен магазин „EU click“ на ТВ21 посочи дека целта на ограничувањата било вирусот да не се прошири.
„Ако граѓаните беа повеќе совесни, немаше да имаме полициски час, бидејќи има држави кои не воведоа полициски час. Ако личното, семејното и јавното вниманието беше на повисоко ниво, тогаш немаше да имаме полициски час. Но, како резултат на непочитување на препораките од страна на граѓаните, од несовесност и од големото невнимание, ние, односно Комисијата за заразни болести бевме принудени да ѝ предложиме на Владата да се ограничи движењето“, истакна Мемети.
Тој додава дека ограничувања се олеснија како резултат на успехот и намалувањето на бројот на позитивни случаи на Ковид-19 на државно ниво.
