Министерот за образование Јетон Шаќири денеска требаше да биде во Тетово за промоција на дуалната настава но настанот не се одржа. Од кабинетот на градоначалникот на Тетово велат дека Касами и Шаќири требало да се сретнат во 9 часот, а во 10 часот да излезат пред медиумите, но средбата во последен момент била откажана од Шаќири.
„Непочитувањето кон градоначалникот, значи непочитување на Тетово. Министерот за образование, како што се чини, по наредби на неговите шефови, не успеа да се надмине себеси и да се однесува како министер н а сите граѓани туку базирајќи се на политиката на партијата што ја претставува, уште еднаш докажа дека ги игнорираат општините со кои не раководи ДУИ. Општина Тетово има свој домаќин, затоа нема да дозволиме некој да го потцени авторитетот на граѓаните на Тетово“, велат од општина Тетово.
Во реакцијата на МОН, се вели поинаку. Велат дека откажувањето на настанот била одлука на општината.
-Ниту една измислена причина не може да ја затскрие политичката позадина на ваквата постапка на градоначалникот на општина Тетово. Чекорот е погрешен, бидејќи во образованието нема простор за политика и за правење обиди за собирање политички поени, велат од МОН.
Откажаниот настан од страна на општина Тетово ќе се одржи во некој од следните денови и веруваме дека градоначалникот ќе биде добар домаќин на средбата со претставниците од МОН, Швајцарската амбасада и локалната бизнис-заедница.
Ист ваков настан за дуално образование се одржа и во Гостивар но министерот не дојде ни тука, туку присутен беше неговиот заменик Љуљзим Алиу кој рече дека политиката треба да биде настрана од образованието.
„Ако алудирате дека во текот на денешниот ден иста промоција имаа и во градот Тетово, за жал политиката го прави своето иако ние таму промовираме како и МОН дека образованието треба да биде аполитично и департизирано, за жал денеска немавме можност да направиме промоција во Тетово и мислам дека секој треба да се води од интересите на учениците, компаниите и интересите на граѓаните, вели Алиу.
Откажаниот настан од страна на општина Тетово ќе се реализира следниве денови и веруваме дека градоначалникот ќе биде достоинствен домаќин на оваа средба со претставниците на МОН, амбасадата на Швајцарија и локалните бизнис заедници, се вели на крајот од соопштен ието пуштено од МОН.
