Поради рекордниот род, компирот во Берлин се дели бесплатно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Необично богат род на компири во Германија инспирирал еден земјоделец да организира „аукција“ на овој зеленчук во Берлин, при што граѓаните низ германската престолнина биле повикани да дојдат на различни пунктови и бесплатно да го преземат, пренесуваат денеска медиумите.

Германците го сакаат компирот и, според официјалните статистички податоци, годишно во просек консумираат по 63 килограми по лице, но рекордниот вишок што земјоделците го произведоа во текот на последната жетва ги изненадил дури и најголемите љубители на овој зеленчук, пренесе „Гардијан“.

Рекордниот принос, најголем во последните 25 години, инспирирал еден земјоделец во Берлин да организира акција наречена „Kartoffel-Flut“ (поплава од компири), при што граѓаните биле повикани да дојдат и бесплатно да ги подигнат компирите.