Поради сомнителен случај на ковид-19, цел автобус со патници кои летувале во Грција во изолација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Автобус со патници кои на 20 јули се вратиле од летување во соседна Грција е ставен во изолација поради еден сомнителен случај на коронавирус, пишува СДК.мк.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирена Сотирова-Бухова за порталот истакнува дека досега на четири патници им е издадено решение за изолација.

Таа додава дека еден од нив е со симптоми и ќе биде тестиран утре.