Поради сообраќајка, во прекин магистралниот пат Гостивар – Кичево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од АМСМ информираат дека поради сообраќајна незгода, нешто пред 16 часот, патот Гостивар – Кичево кај месотот „Новоселски пат“ е во прекин.

„Од 15:45 часот, поради сообраќајна незгода, сообраќајот на магистралниот пат Гостивар-Кичево А-2 на м.в.„Новоселски пат“ е во целосен прекин.“, се вели во соопштението на АМСМ.