Ако имате TikTok, сигурно сте виделе видео од момче како јаде краставици и барем еднаш создава различни рецепти со нив. Станува збор за тиктокер Логан Мофит, 23-годишен Канаѓанец кој експериментира со нови вкусови и подготвува разни јадења од краставици, а токму тој се смета за „виновник“ за недостигот на краставици во Исланд.
Поради неговите рецепти, краставицата стана највирална храна, а ја подготвува во различни комбинации – со крем-сирење, пиперки, крем, кромид, чедар, сланина, разни сосови и преливи. Најпопуларниот рецепт е салата од рендани краставици со масло од сусам и чили, лук и ориз оцет.
@logagm New cucumber recipe alert🚨
♬ original sound – Logan
Побарувачката за краставици е двојно зголемена
Во Исланд оваа салата стана толку популарна што поради неа се зголеми побарувачката за краставици, а исландските супермаркети се најдоа во неволја бидејќи не можеа да набават доволно краставици. Би-Би-Си Њуз пишува дека побарувачката за краставици во Исланд дури е двојно зголемена.
@logagm Probably one of my fav cucumber recipes
♬ original sound – Logan
Главниот „виновник“, ако ги прашате Исланѓаните, е овој тиктокер кој има повеќе од шест милиони следбеници, бидејќи имало недостиг од други состојки кои ги користи во рецептот. Сепак, исландските фармери кои годишно произведуваат околу 2.000 тони краставици се надеваат дека ситуацијата ќе се нормализира за една недела.