Голем број училишта се затворени во германскиот град Дуизбург поради заканите на екстремистите дека би можеле да бидат цел на криминални дејствија, објавија денеска германските медиуми.
Претставници на полицијата во германската покраина Северна Рајна Вестфалија објавија дека тоа е мерка на претпазливост откако добиле заканувачки пораки од екстремни десничарски екстремисти, пренесува Дојче веле.
Во анонимно писмо што едно од училиштата го добило во петокот, се наведува дека во понеделник на мета ќе бидат неколку образовни институции во Дуизбург.
