Порака од Али Ахмети за Македонците! Јас работам Македонија да биде слободна, демократска, напредна, почитувана, да биде во ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Али Ахмети во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 испрати порака дека сака Македонија да биде слободна, демократска, напредна, почитувана и членка на ЕУ.

ТВ21: Која е пораката што би ја испратиле до Македонците? Дали треба да се плашат од Ахмети?

Ахмети: Не треба да се плашат… Доколку се плашат дека Ахмети кажал дека оваа држава е и моја, тогаш нема потреба да се плашат, бидејќи навистина оваа држава е и моја. Доколку се плашат дека државата сакам да ја направам како Швајцарија, не мислам на кантонизација, туку граѓаните да бидат еднакви, Албанците, Македонците, Власите, Србите, Турци, Роми, Бошњаци, сите да бидат еднакви, секој да биде вработен. Доколку се плашат дека јас ќе ја превземам цела држава, нема потреба да се плашат, јас работам Македонија да биде слободна, демократска, напредна, почитувана, да биде во ЕУ, да има добри односи со сите држави од регионот, да ги негуваме нашите култури, јазици, да напредува нашата младина, да се зголеми квалитетот во образование, здравство, да не се оперираме во Австрија или Турција туку да ги образуваме нашите доктори тука, да завршат специјализација во земјите кои се понапредни од нас, да земеме кадар, професори од Европа и да ги донесеме во нашите универзитети за да се зголеми вредноста, квалитетот, бидејќи сега е векот на квалитетот, не се оди напред со количина, со демагогии, туку со прагматизам, со знаење“, рече Ахмети.