Поранешната претседателка на Бразил хоспитализирана во болница во Кина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешната претседателка на Бразил Дилма Русеф, е во болница во Кина откако боледува од вестибуларен невритис, објави шпанската новинаска агенција ЕФЕ.

Таа ќе биде отпуштена во следните денови. Русеф во моментов е на чело на Новата развојна банка, инстутиција која ги вклучува најголемите светски економии во развој, а нејзиното седиште е во Шангај.

Лекарите велат дека 77-годишната претседателка боледува од восплание на вестибуларниот нерв. Таа била примена во болница во петокот.

Русеф добро реагирала на лекувањето, и треба да биде отпуштена за неколку дена. Поради хоспитализацијата, мораше да го откаже учеството на состанокот со членовите на одборот на директори на банката, кој требаше да се одржи во Кејп Таун, Јужна Африка.

Русеф беше претседателка на Бразил од 2011 до 2016 година.