Фудбалерот на Ипсвич, Ешли Јанг, објави дека ќе ја заврши својата играчка кариера на крајот од сезоната, објави денес англискиот клуб.
Јанг (40) во својата кариера играл за Вотфорд, Астон Вила, Манчестер Јунајтед, Интер и Евертон, а е член на Ипсвич од 2025 година. Одиграл вкупно 765 клупски натпревари и постигнал 88 гола.
„Неверојатно сум горд и среќен со сè што постигнав во мојата кариера. Не се случува често да седнете и да размислите за ова додека сè уште играте, но јас го живеев својот сон во последните 23 години. Сега е време да размислам за она што успеав да го постигнам, а во следните неколку недели и месеци ќе одлучам што ќе правам следно. Целосен мој фокус е во сабота и помагањето на овој клуб да ја постигне својата цел, а тоа е враќање во Премиер лигата“, рече Јанг.
Јанг играше за репрезентацијата на Англија во 39 натпревари од 2007 до 2018 година и седум пати се запиша во листата на стрелците.
