Ѓорѓи Галетановски, поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје, се пријави одново да биде директор на институцијата.
Град Скопје распиша оглас за нов директор, на кој се јавил Галетановски, и веројатно тој ќе биде единствениот кандидат.
„Денес на ден 13.08.2024 поднесувам документи на огласот на град Скопје за директор на Зоо Скопје. Се одважив и поднесувам во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои ми пишаа деновиве но највеќе поради животните и моите колеги кои заслужуваат мир благосостојба и услови достојни за нив. Барам од градоначалничката Данела Арсовска и советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на Зоо Скопје. Мојата визија е враќање на кандидатурата во ЕАЗА и дистанцирање на Зоо Ск од политички влијанија“, стои во објавата на Галетановски.
