Поранешниот претседател Ѓорге Иванов денес упати писмено барање до Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за доставување на информација за состојбата, статусот на отворените предмети кои ги води ДКСК за него, предмет за потпишување укази за унапредување на генерали за време на изборен процес и предмет за зголемување на имотната состојба.
„Со ова барање и официјално ви се обраќам за информација за двата погоре наведени предмети за кои речиси 20 месеци не е ништо превземено, согласно со закон утврдени рокови.
За предмет број 12-1148/5 каде се испитува потпишување на Укази за унапредување на генерали за време на изборен процес повеќе од 12 месеци нема никакво дејствие.
На 17.09.2019 година беше поднесена тужба за поништување на вашата НЕЗАКОНИТА одлука 12-1148/5 од 02.05.2019 година.
Од 05.11.2019 година кога и со решение на Вишиот Управен суд УРПЖ.бр.4/2019 беше потврдена пресудата на Управниот суд УРП.бр. 39/2019 со која пак се ПОНИШТИ одлуката на Државна комисија за спречување на корупција 12-1148/5 од 02.05.2019 година по поднесената тужба од моја страна – предметот нема никаква разрешница.
Вие предметот сеуште не го затворате иако два надлежни суда донесоа решенија со кои вашата одлука е незаконита, поради што истата е поништена, не постои.
Барам одговор зошто не е постапено согласно судското решение и зошто предметот е сеуште отворен и покрај тоа што сите рокови предвидени со Закон се пробиени.
Дали чекате насоки за дејствување од некого, иако бевте официјално известени дека е постапено согласно надлежностите на претседателот на Република Македонија пропишани во Уставот и законите на Република Македонија?“, се вели во соопштението од поранешниот претседател.
СООПШТЕНИЕ од Кабинетот на поранешниот Претседател Иванов
Поранешниот претседател Иванов денес упати писмено барање…
Posted by Ѓорге Иванов, поранешен Претседател на Република Македонија on Friday, December 18, 2020
