Поранешниот црногорски премиер: Убиецот од Цетиње во еден момент се измешал меѓу полицајците и не го препознале

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И натаму испливуваат детали за масакрот во Цетиње, во кој животите ги загубија 12 лица, меѓу кои и две деца.

Има многу реакции за напаѓачот Ацо Мартиновиќ и за претходните пријави во врска со оружје кое го поседувал.

Претседателот на УРА, и поранешен премиер Дритан Абазовиќ изјави дека знае како Мартиновиќ бил лоциран и дека успеал да се „претопи со полицајците“.

„Во еден момент не можел да се препознае, ниту да се разликува со инсепкторите кои биле на терен. Носел темна јакна, и сите се движеле во иста област. Двајца полицајци забележале дека не комуницира со никого од присутните. При обид за контакт, почнал да бега, и така било востановено дека не е полицаец“, рече Абазовиќ.