Поранешниот црногорски претседател: Ми се подготвува атентат од соседна земја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ во четвртокот одговараше на прашањата на обвинителот во Специјалното државно обвинителство како сведок за неговите сознанија дека наводно се подготвува атентат против него.

Од кабинетот на поранешниот претседател на Црна Гора за „Вијести“ потврдија дека Ѓукановиќ за своите сознанија зборувал пред специјалната обвинителка.

„Тој даде исказ како сведок на темата за обидот за атентат врз него и ги презентираше своите наоди на специјалниот обвинител“, соопштија од канцеларијата.

Ѓукановиќ во првата половина на јули годинава ги известил црногорските власти дека добил информација дека против него се подготвува атентат.

Споменатите информации поранешниот претседател ги добил од одредени меѓународни функционери од разузнавачката заедница и со тие информации ги запознал државните органи“, беше одговорот за „Вијести“ од кабинетот на Ѓукановиќ летово.