Македонската фудбалска репрезентација за прв пат играше бараж за пласман на Светското првенство.
По победата над Италија, во финалето Португалија се покажа како преголема пречка. Поразот од 2:0 доволно покакажува за разликата во квалитетот, но претставува и потик за понатамошна работа.
Сонот не е остварен, но не треба да има преголеми разочарувања, со оглед на тоа дека историскиот успех на оваа генерација е неспорен. По историскиот пласман на Европското првенство, сега за прв пат Македонија беше дел од финален бараж за Мундијал.
„Мислам дека треба сите да сме горди на момците за целиот овој период, од септември, па до денес. Покажаа уште еднаш дека во нив носат голем потенцијал, голем талент и на добар пат се да се приближат уште повече кон оние најдобрите во Европа. Сакам да им честитам на победата и пласманот на СП на Португалија. Им посакувам многу среќа и добро да одиграат на турнирот во Катар. Што се однесува до нас, можам само да бидам горд на моите момци, на начинот на кој што го одиграа и овој натпревар“, истакна Благоја Милевски.
