Порто синоќа го елиминираше Јувентус во 1/8 финалето во Лигата на шампионите, со што торинскиот тим трета сезона по ред е елиминиран во оваа фаза од натпреварувањето.
Јувентус го доби мечот со 2:1, а потоа се замина во продолженија, со оглед на идентичниот резултат од првиот меч. Потоа Порто постигна гол за 2:2, а во финишот Јуве дојде до 3:2.
Многумина го обвинија Кристијано Роналдо за поразот. Но, не поради тоа што не постигна гол, туку поради што се сокри во живиот ѕид на голот на Порто.
„Не требаше така да реагира. Јас не сум видел некој така да реагира на удар на противникот. Во живиот ѕид секогаш ги бирам да стојат најхрабрите“, рече тренерот Пирло.
Во вториот натпревар Борусија Дортмунд и Севиља одиграа 2:2, но благодарение на победата на германскиот во првиот меч од 3:2, се пласираше во 1/4 финалето.
