Привремената влада на Португалија денеска објави пакет заеми и други мерки во вредност од над 10 милијарди евра за да и помогне на економијата да го надмине влијанието на американските царини.
„Светот што го знаевме се промени, мораме да се прилагодиме и да реагираме, нема сигурност што не чека, но не бевме изненадени“, изјави премиерот Луис Монтенегро.
Португалскиот министер за економија Педро Реис рече дека пакетот ќе вклучува 5,2 милијарди евра за финансиски линии за обртни средства и инвестиции на компаниите, како и 3,5 милијарди евра посебно за инвестиции на извозниците, заедно со 400 милиони евра грантови, објави Ројтерс.
