Посетата на Петков – деблокада или исти ставови?! – Стојковски: Можеме да бидеме оптимисти за некои прашања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 18 јануари бугарскиот премиер Кирил Петков ќе го посети Скопје. Ќе допатува во придружба на министерката за надворешни работи на Бугарија и министерот за транспорт и врски. Се очекува на средбата да биде потврден постигнатиот напредок меѓу двете земји и да се воспостави интензивна комуникација за надминување на разликите за билатералните прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија.

„Во фокусот на разговорите ќе биде доследната имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји во август 2017 година, како и продолжување на напорите за исчекор во обидите да се обезбеди поддршка за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија“, велат од Министерството за надворепшни работи на Македонија.

Но, дали посетата на Петков може да се гледа како надеж за решавање на спорот со Бугарија и ослободување на патот кон ЕУ? Андреа Стојковски, експерт за надворешна политика вели дека во изјавите на бугарскиот премиер има траги на оптимизам дека за некои прашања може да има позитивен исход.

Ако Бугарија и во 6 наредни месеци продолжи со ветото кон Северна Македонија, Албанија

Ќе побара да се одвои од пакетот Македонија, изјави пред неколку дена албанскиот премиер Еди Рама. Но, Стојковски е на став дека Рама може да има вакви барања, но до такво нешто нема да дојде, бидејќи тоа зависи од консензусот меѓу земјите-членки на ЕУ.

Посетата на бугарската делегација ќе се случи веднаш по стапувањето во функција на новата Влада на земјава, а од бугарското МНР велат дека посетата ќе означи нов почеток во развојот на билатералните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Посетата на бугарската делегација ќе се случи на 30-годишнината од признавањето на независната македонска држава од страна на Бугарија.