Поскапе училишниот прибор – ако имате прваче, ќе треба да потрошите околу 100 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Родителите ги подготвуваат своите деца со училишен прибор за почеток на новата учебна година.

Купуваат чанти, тетратки, моливи во боја, но за разлика од другите години, годинава цените се нешто повисоки.

-Дали купувате училишен привот за децата?, праша репортерката на ТВ21.

Да. Јас немам мои деца, но внуците дома што ги имам дома само се подготвуваат, собираат училишен прибор, вели еден купувач.

-Колку вкупно кошта да се подготви детето за на училиште?

Јас не купувам и не можам да кажам како е сега со новите цени.

-Колку ве чини една подготовка за нова учебна година?

Колку сакаш, колку сакаш.

-Дали ви е тешко да ги покриете трошоците за новата учебна година?

Да, тешко е. Беше помалку, но годинава цените се високи.

-Колку се трошоците?

100 евра.

За две недели почнува учебната година, а за снабдување со училишен прибор трговците велат дека годинава цените се повисоки, но за ова не сакаат да зборуваат пред камера“, вели репортерката на ТВ21, Фазиле Хилали.

Најголемо поскапување има кај тетратките, како резултат на поскапувањето на хартијата. Ако лани обична тетратка чинела 10, годинава е 20 денари. Оние со највисок квалитет се од 30 до 45 денари. Општа пресметка, за дете од прво одделение да биде комплетно со сите потребни училишни материјали се од 4 до 5 илјади денари.

Фазиле Хилали