Поскапуваат бензините и дизелот од полноќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука околу новата цена на горивата која ќе важи од полноќ.

Поскапуваат сите видови горива, и тоа:

ЕУРОСУПЕР 95 поскапува за 1,5 денари, и од утре изнесува 87,5 денари по литар. Се зголемува цената на ЕУРОСУПЕР 98+ и ќе се продава по 90 денари по литар.

ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 0,5 денари и од утре ќе изнесува 87,5 денари по литар.