После долго време: Регистрирани повеќе оздравени, од заразени лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска министерството за здравство информираше за 123 оздравени лица од Ковид-19, и за нови 120 случаи на коронавирус во нашата земја.

Ова е прв пат после долго време, да има повеќе оздравени од заразени пациенти.

Најмногу оздравени има во Куманово – 92, додека во овој град се регистрирани само четири нови пациенти.

Скопје и натаму е град со најголем број заразени. Денеска во главниот град се регистрирани 64 нови случаи, додека оздравени се само 17.

Денешната бројка на четири починати сите се од Скопје.