Некои после една, а некои после две години од пандемијата влегуваат во затворен трговски центар без сертификат откако владата ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб за справување со последиците до Ковид 19. Укината е мерката за приложување сертификат за вакцина при влез во молови. Но, ова не важи за угостителските објекти кои се во моловите, каде оваа мерка останува на сила. Посетивме еден од трговските центри и можевме да забележиме зголемена фрекфенција уште во утринските часови. Некои се уште не беа информирани дека не се потребни, па по навика на влезот ги покажуваа сертификатите. Од денеска и трудниците треба да се вратат на работа, со пропорака да се вакцинираат. На ова остро регираше една трудница која случајно ја затекнавме таму, а беше на поминување враќајќи се од преглед.
Поголемиот дел од оние со кои разговаравме имаат сертификат за примена вакцина или прележан Ковид. На граѓаните им значи слободата на движење и сметаат дека треба да се остави на свеста на луѓето околу заштитата од Ковид, а не да им се ограничува движењето.
-Влегувам немам потреба некому да давам отчет. Луѓето само нека се грижат за себе, нека живеат здраво, животниот стил нека го адаптираат на ситуацијата и ќе биде ок, велат граѓаните.
Наместо досегашните 45 дена сертификатот за прележана болест ќе трае 180 дена односно шест месеци сметано од датумот на позитивен ПЦР тест. Се укинува и барањето за задолжителен сертификат при излез од Северна Република Македонија.
