После Париз, се повеќе градови сакаат да ја ограничат брзината на 30 километри на час

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После Париз, се повеќе градови планираат да воведат ограничување на брзината на движење на автомобилите на 30 километри на час.

Сега и францускиот град Лион планира да ја воведе истата мерка, односно да ја ограничи брзината, потврдил градоначалникот на овој град Грегори Дусет.

Лион со тоа ќе им се приклучи на Париз, како и на Лил кои веќе ја воведоа оваа мерка.

Ограничувањето од 50 километри на час ќе продолжи да важи, но само на некои булевари.