После Ременски, и Боки 13 побарал изземање на Рускоска од „Меѓународен сојуз“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После Фросина Ременски, и Бојан Јовановски – Боки 13 побарал изземање на обвинителката Вилма Рускоска од „Меѓународниот сојуз“.

Утринава Ременски поднела барање до ЈО за изземање на Рускоска, поради, како што рече Ременски „имаме цврсти докази дека има селективност на основниот јавен обвинител“.

Поради истата причина, и Боки 13 побарал изземање, велејќи дека Рускоска извршила тортура врз него со нејзиното однесување, а спомена дека била и во случајот „Рекет“ каде што била селективна со второбвинетиот Зоран Милевски – Кичеец.

Рускоска на сето ова кажа дека барањето не држи, но последниот збор ќе го има републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.