После Србија, и Хрватска го враќа задолжителниот воен рок

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за одбрана ги исполни сите предуслови за воведување задолжителен воен рок на почетокот на 2025 година, но за тој да заживее потребна е политичка одлука која ќе биде донесена во хрватскиот Сабор во разговор со премиерот и со претседателот на државата, изјави министерот за одбрана Иван Анушиќ.

Инструкторите се подготвени, има три локации за сместување на регрути, а одговорниот министер очекува да бидат испратени меѓу 17 и 18 илјади покани до хрватските млади момчиња над 18 години, рече Анушиќ.

Србија е на пат кон враќање на задолжителниот воен рок. Процедурата е при крај, и наскоро ќе биде воведен. Ќе трае 75 денови.