Последен мандат на Таравари на чело на општината – „Симпатизер сум на американскиот Устав, два мандата се доволни“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На денот на општина Гостивар, Арбен Таравари откри дека ова е негов последен мандат бидејќи, како што рече, тој е симпатизер на американскиот устав.

„Знаете дека пред некое време гостиварци на нашиот тим и мене ни дадоа втор мандат. Како про американски настроен    и како објективен симпатизер на уставот на Америка, јас мислам дека два мандата несомнено се доволни за секого кој е на функција, така овој мој втор мандат го сметам за последен односно проштален мандат“, истакна Арбен Таравари.

Дека кандидатите на АА не треба да бидат на   функција повеќе од два мандата, изјави и лидерот Зијадин Села во емисијата Клик Плус.

„Јавно да кажам, кај нас се затвора приказната за кандидати за градоначалници со два мандата, доколку важи  мојот збор во АА  по 4  години, мојот глас ќе биде против тоа Арбен Таравари да биде кандидат и Исен Шабани да биде кандидат“, додаде Зијадин Села.

На денот на општина Гостивар присутен беше и претседателот Стево Пендаровски но не одржа говор ниту даде изјава. Беа доделени неколку благодарници за личности кои дале свој придонес во градот и пошироко.