Остана помалку од една недела за премиерот Димитар Ковачевски да го предаде својот мандат како премиер и да му го отстапи местото на Талат Џафери како технички премиер. Ковачевски ја предводеше владата од средината на јануари 2022, односно 2 години и 1 месец. Како граѓаните ќе го запаметат неговиот мандат?
-Ќе ги прашаме граѓаните по што ќе го запаметат премиерот и владата и што сакаат да сменат во државата“, вели репортерката на ТВ21.
-Политика е…не снимај, залудно е…се е валкано во Македонија, глупост е и да зборувам, будали испаднаа…
-Прво би направил измени за платите, за уредува на секоја општина, општините треба повеќе да работат.
-Што на пример?
-Улиците, многу има дупки, се уништуваат автомобилите, треба да работат повеќе а не само да спијат.
-За цените на храната што мислите?
-Прескапо е, ни во Германија ни во Америка не се такви цените, бев и во Америка но не е како тука.
-Има многу недостатоци!
-На пример што би смениле?
-на пример за пензионерите, имаме многу ниски пензии.
-Ниски пензии имате?
-Да, ниски.
-Промени, имам и ќерка на факултет, нема работа, работа со познанства, ако те познавам ќе вработиш, ако не, не, нема работа!
-Дали мислите дека цените се високи?
-Многу е скапо, многу.
-Дали мислите дека во иднина нешто ќе се смени?
-Можеби ќе се смени, но тешко, не верувам.
Техничката влада ќе се гласа следнава недела, на 100 дена пред парламентарните избори кои треба да се одржат на 8 мај. Заедно со нив ќе се одржи и вториот круг од претседателските.
