Кандидатите за градоначалник на Тетово, Теута Арифи од ДУИ и Биљал Касами од Движење Беса ја продолжуваат кампањата за добивање на довербата од граѓаните.
Арифи во паркот на Шарената џамија рече дека Тетово да го продолжи европскиот пат обезбедувајќи поголема транспарентност и ефикасност во својата работа.
„Интересот на овие избори е доколку Тетово ќе продолжи да се развива како модерен зелен и европски град или ќе се враќа назад. Нашата визија за Тетово е европска, ова подразбира европски стандард во однос на културата. Транспарентност во заштитата на животната средина и пред се во однос на животниот стандард, ние работиме Тетово да биде европски град со квалитет за сите граѓани“, истакна Теута Арифи.
Од друга страна, кандидатот на Движење Беса, Биљал Касами, на прес конференција пред општина Тетово зборуваше за подобрување на функционирањето на општинската администрација.
„Општинската администрација е рефлексија на целите и развојните политики. Успешното менаџирање на општина Тетово е комплексна со квалитет на општинската администрација. Нефункционална администрација е пречка за продуктивни инвестиции. Движење Беса ќе спроведе длабински реформи во администрацијата и општинските претпријатија кои се лошо менаџирани, носејќи ги вредностите на ЕУ преку добра администрација која ќе им биде на услуга на граѓаните и ќе промовира заштита на јавниот интерес“, посочи Биљал Касами.
Вториот круг се одржува во недела на 31 октомври. Касами веќе има договор за поддршка од АА, а Интегративците ќе ја имаат поддршката од ДПА.
