Индексот на човековиот развој почна да опаѓа во многу земји во 2020 година, вклучувајќи ја и Северна Македонија, покажува извештајот на УНДП. Во 2019 година индексот беше 0,784, во 2020 година падна на 0,774, а во 2021-ва пак, индексот уште повеќе отиде во надолна линија и тоа на 0,770. Така, според извештајот, нашата земја паднала под вредноста што ја достигнала во 2018 година (0,779) а се приближува на вредноста од 2015 година (0,762), што значи дека со последните промени, Северна Македонија изгубила четири години напредок.
Секоја Влада од осамостојувањето па до сега оставила системски слабости, оценува Претседателот на државата кој учествуваше во презентацијата на извештајот.
Осврнувајќи се на негативните тенденции кои преовладуваат како резултат на низа надворешни влијанија и внатрешни фактори, претседателот Пендаровски истакна дека извештајот на УНДП ги посочува критичните точки на кои мора да се фокусираме за да надоместиме за изгубените годин
За постигнување повисоко ниво на човеков развој за сите граѓани, треба да се соочиме со реалноста и да ги обмислиме решенијата и да има политичката волја, додава шефот на државата.
Извештајот за човековиот развој 2021/2022 ја рангира Северна Македонија во однос на политичката стабилност и владеење, довербата во институциите, социо-економската состојба, родовите прашања и дава приказ на политичката и социјалната поларизација и екстремизмот. Инаку, како последица на пандемијата Ковид-19, глобалните трендови од 2019 година покажуваат пад на напредокот на човековиот развој.
