Последно збогум со двајцата ученици во Глоѓан – награда од 20 илјади евра за информации за убиецот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Роднини, пријатели, ученици, граѓани, не само од Дечане туку и од другите места со последно збогум до двајцата ученици кои беа убиени во Глоѓан.

Премиерот Албин Курти, рече дека се прави сè што поскоро да се фати убиецот.

„Никој не помислил дека за празникот на 28 ноември, на денот на албанското знаме ќе дојдеме за да изразиме сочувство во Глоѓан. Чувствуваме тага, но и лутина за ова трикратно убиство, за овој мизерен криминален акт. Косовската полиција не увери дека ќе направат се што е можно што поскоро да се приведе убиецот и истиот да биде соодветно казнет“, истакна Албин Курти.

Градоначалникот на оваа општина, Башким Рамосај, упати апел до сите да соработуваат со институциите со цел авторот на криминалот да излезе пред правдата.

„Посакувам нашите граѓани никогаш веќе да немаат вакви случаи и да не се повторат повеќе, никаде во светот да не слушнеме за вакви страшни случаи кога децата ги чекаат да се вратат од училиште а ќе ги вратат во ковчег, тоа е многу тешки“, посочи Башким Рамосај

На последното збогум до школските другарчиња, Гента Мустафај и Ледион Хамзај, потресни беа зборовите од нивните другари.

„Ледион и Гента , јас сум ваша другарка и стојам овде пред вас со распарчено срце и душа.  Кога се разделивме зошто не ми кажавте дека нема да се видиме никогаш повеќе, ќе ве гушнев силно и немаше да ве пуштам да заминете никогаш. Дали и порача на м ајка ти да ти ја спреми вечерата кога ќе стигнеш дома како што правеше секоја вечер. О Боже каква причина имаше за оваа смрт. О Боже зошто не раздели – ова беа само некои од зборовите до Леонид и Генти во говорот на нивната другарка на погребната церемонија“.

Во петокот во вечерните часови од истрели од огнено оружје кон еден автобус кој патувал од Ѓаково до Дечане, беа усмртени двајца ученици и возачот на автобусот.