Посмртните останки од 10 жртви пристигнаа во Поточари – најмладата жртва која ќе биде погребана утре имала 20 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Посмртните останки на десет жртви од геноцидот во Сребреница во 1995 година пристигнаа во Меморијалниот центар во Поточари, каде што ќе бидат погребани на 11 јули, односно утре, на денот кога светот им оддава почит на жртвите. Меѓу жртвите е и Муриз Бараковиќ, кој имал 22 години кога бил убиен. Неговата сопруга Везира изјави дека со него се разделила за време на војната, а подоцна дознала дека бил ликвидиран. Најмладата жртва што ќе биде погребана е Сенад Мусиќ, кој имал 20 години, а највозрасната е Рамо Даутовиќ, убиен на 56-годишна возраст. Во јули 1995 година, силите на босанските Срби убија повеќе од 8.000 бошњачки мажи и момчиња во Сребреница. Нивните тела беа закопувани во масовни гробници, а потоа преместувани за да се прикријат доказите за злосторството. Според Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина, околу 900 лица од областа на Сребреница сè уште се водат како исчезнати.

„Сè од минатото ми се врат, кога бев овде, кога се разделив со него. Тој ден никогаш нема да го заборавам. Синот имаше седум месеци…Да кажам дека ми е драго што ги пронајдоа и да знам каде можам да дојдам и да кажам молитва, јас и мојот син“, изјави Везира Бараковиќ, сопруга на Муриз Бараковиќ, жртва на геноцидот во Сребреница.