Рецепт за посни кифлички со џем и ореви кој ќе ви се допадне.
Посните кифлички со џем се уживање на кое тешко може да се одолее. Брзо се прават, а децата ги сакаат.
Состојки:
500 гр брашно
250 гр растителен маргарин
100 гр шеќер во прав
125-130 ml минерална вода
1 ванилин шеќер
џем по ваш избор
ореви (околу 100 грама)
шеќер во прав за посипување
Подготовка:
Во поголем сад истурете го брашното и додадете го шеќерот во прав, кората од лимон, ванилиниот шеќер и маргаринот. Убаво месете со раце додека не се распадне, а потоа додадете минерална вода и замесете тесто.
Ставете го тестото на работната површина, замесете го, па со нож одделете едно парче тесто и расукајте го со сукало (тенок). Потоа нанесете џем (по желба) по едниот, како и на другиот крај.
Мелените ореви наросете ги преку џемот и потоа се тркалаат од едната страна (до средината), а потоа од другата страна, исто така до средината.
Повторете ја постапката со остатокот од тестот. Исечете ги ролатите, па ставете ги на плех обложен со хартија за печење.
Ролатите се печат на 180 степени околу 10 минути. Испечените кифлички валкајте ги во шеќер во прав.
