Постара жена почина во пожар што избувна во куќа во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жена го загуби животот откако пожар избувна доцна синоќа во куќа во скопската населба Пинтија.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита во Скопје, додека полициски екипи во текот на денот ќе извршат увид на местото на настанот.

„На 28.05.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К. (45), во која живеела и нејзината мајка М.В. (85), во населбата Пинтија во Скопје, избувнал пожар. Од повредите здобиени во пожарот починала М.В., а смртта ја констатирал лекар од Итната помош“, соопшти МВР.